Тројца патници истепале таксист му одземале 920 денари по што си заминале во непознат правец. Инцидентот се случил синоќа околу 22.30 часот на булевар „АВНОЈ“ во Скопје.

Откако бил нападнат и ограбен 47-годишниот А.А. бил префрлен во градската општа болница „Св. Наум Охридски”

Како што соопштија од полицијата, се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата.