Жестока тепачка на три жени се избила синоќа во Кочани, а причината за неа бил маж на возраст од околу 40-тина години кој е главниот актер во љубовен триаголник. Тој бил во врска со жена на свои години и млада кочанка на возраст од 25, јавува ТВ Стар.

Извесен период тој успешно ја контролирал ситуацијата, се додека старстите не зовреле, па младата девојка заедно со уште една своја другарка, својата постара и поискусна конкуренција не ја нападнале на сред улица. Започнале со навреди и кавга, а завршиле со клоцање, кубење и гребење. Жестоката пресметка се одвивала пред очите на љубовникот, кој дури и во овој случај не одбрал страна.

Случајот го потврдиле од полицијата, но оттаму се воздржани околку коментар за причините за тепачката.

На 23. 12.2018 година, во 19.45 часот во ПС Кочани,  В.М. 48 од Кочани, пријавила дека на ул Охридска по претходна вербална расправија настанала физичка пресметка меѓу пријавителката М.Л (44) од Кочани од една и И.П 25 од Пеклани, виничко и А.М. 20 год. од Кочани, од друга страна. По комплетирање на настанот, против учесниците ќе бидат поднесени соодветни пријави“, информираат од МВР.