Вчера во 17.30 часот се случила сообраќајна незгода на крстосницата од бул.,,8-Ми Септември” и сервисната улица кон хотел ,,Александар Палас,, меѓу две патнички моторни возила ,,Опел корса” и ,,Рено” со скопски регистарски ознаки.

А.И. ,Ш.И. и В.И се здобиле со телесни повреди и се пренесени во Ургентен центар –Скопје. Причинета е материјална штета од околу 150.000 денари, информираат од МВР.

Екипата на Пресинг Тв се најде синоќа на местото на судирот и неофицијално дозна дека до несреќата дошло кога „Опелот“ излегувал од пристапната уличка од хотелот кон булеварот, при што на него налетало „Реното“ кое се движело од Момин Поток кон Водно.