Вчера во 17.30 часот се случила сообраќајна незгода на крстосницата од бул.,,8-Ми Септември” и сервисната улица кон хотел ,,Александар Палас,, меѓу две патнички моторни возила ,,Опел корса” и ,,Рено” со скопски регистарски ознаки.
А.И. ,Ш.И. и В.И се здобиле со телесни повреди и се пренесени во Ургентен центар –Скопје. Причинета е материјална штета од околу 150.000 денари, информираат од МВР.
Екипата на Пресинг Тв се најде синоќа на местото на судирот и неофицијално дозна дека до несреќата дошло кога „Опелот“ излегувал од пристапната уличка од хотелот кон булеварот, при што на него налетало „Реното“ кое се движело од Момин Поток кон Водно.
Comments are closed for this post.