Три лица се повредени во сообраќајна несреќа што се случила синоќа околу 2 часот на излезот на Радовиш.

Настанот го потврди заменик портпаролот на СВР Струмица, Алакесандра Трајанова, која информираше дека од засега непознати причини автомпбил марка „мерцедес” се забил во оградата на една од бензинските станици.

Повредените со возило на Итната медицинска помош се пренесени во болницата во Штип, а полицијата изврши увид на местото на несреќата.