Собранието денеска напладне ќе ја продолжи расправата за уставни измени. Иако следиме бурна дискусија како што одминуваат деновите станува јасно дека владејачкото мнозинство ги нема неопходните 80 пратеници за да се прејде на следната фаза на промена на Уставот согласно договорот со Грција.

Тоа вчера го призна и премиерот Заев.

Свесен сум дека немам 80 пратеници. Направив се што можев да направам за да имаме инклузивен процес. Денеска носиме одлука да дадеме шанса да се отвори постапката, а на крајот не мора да ги гласаме уставните измени ако нешто е загрозувачки и тајно. Кој ни дал право јас и Димитров да изготвиме амандмани. Ние не смееме да чепнеме додека Парламентот не одобри, оти тогаш ќе ја силуваме демократијата и процедурата во државата. Ветувам дека заедно ќе ги работиме со сите вас. Ако не се договориме имате право да не ги гласате, потенцира Заев.

Поранешната министерка за култура, Елизабета Канческа Милевска пак нагласи дека факт e оти референдумот беше неуспешен и колку да се обидуваме не можеме да ги промениме бројките кои се фиксни и се знаат.

– Сите сме согласни за ЕУ и НАТО, но не можете да организирате референдум и да прифатите промена на Уставот без да обезбедите национален консензус, посочи Канческа-Милевска