Говорејќи за референдумот премиерот Заев на денешната расправа рече дека опозицијата не си го кажала својот став и затоа се одлучиле да биде консултативен.

– Да беше опозицијата јавно макар и против, ние ќе одевме на задолжителен референдум. Во вакви околности некои одлучиле да гласаат за, некои против, а некои да не гласаат, рече Заев.

Тој посочи дека го критикуваат зошто е толерантен спрема опозицијата и додаде, на критичарите им велам консензус ќе ни треба, важни прашања се решаваат.

– Свесен сум дека немам 80 пратеници. Направив се што можев да направам за да имаме инклузивен процес. Денеска носиме одлука да дадеме шанса да се отвори постапката, а на крајот не мора да ги гласаме уставните измени ако нешто е загрозувачки и тајно. Кој ни дал право јас и Димитров да изготвиме амандмани. Ние не смееме да чепнеме додека Парламентот не одобри, оти тогаш ќе ја силуваме демократијата и процедурата во државата. Ветувам дека заедно ќе ги работиме со сите вас. Ако не се договориме имате право да не ги гласате, потенцира Заев.