Данска и годинава е најдобро рангирана во светот според Глобалниот индекс на перцепција на корупцијата 2021, објавен денеска од Транспаренси Интернешнл (ТИ). Со ист број бодови (88) првото место го дели со Финска и Нов Зеланд.
Најлошо рангирана земја, според перцепцијата на корупција е Јужен Судан со 11 поени, два помалку од Сирија и Сомалија.
Македонија се наоѓа на 87. место од вкупно 180 со 39 поени од можни 100 и бележи напредок од четири места во однос на претходната година. Државата има ист број поени како и Колумбија, Етиопија, Гвајана, Косово, Мароко, Суринам, Танзанија и Виетнам.
Според Индексот на перцепција на корупцијата, Србија е на 96-то место од 180 земји и територии, со индекс од 38, забележан втора година по ред, што се и нејзини најниски проценки досега, според Глобалниот индекс на перцепција на корупцијата 2021 објавен денеска од Транспаренси Интернешнл (ТИ). Србија нема никаков напредок и со 38 поени, исто како и претходната година, останува на најнискиот резултат од 2012 година, кога почнаа да се анализираат податоците. Србија го дели 96-тото место со пет други земји, Аргентина, Бразил, Индонезија, Лесото и Турција.
Од останатите држави на Западен Балкан, Црна Гора има индекс 46, Босна и Херцеговина и Албанија 35, Словенија е на 41 место со индекс 57, а Хрватска на 63 место со индекс 47.
Индексот на перцепција на корупција рангира 180 земји и територии во светот според нивото на корупција во јавниот сектор, а резултатите покажуваат скала од нула, што значи висока корупција до 100 кога станува збор за многу чиста земја или територија во однос на корупцијата.
Comments are closed for this post.