Претседателот на Демократскиот сојуз Павле Трајанов вчера изјави дека се подготвува нов закон за амнестија со цел обезбедување на гласови за уставните измени.
Го подготвуваат СДСМ и ДУИ. Вклучени се експерти, обвинители, адвокати…. Направен е преглед на кривични дела за кои се судени поранешни носители на јавни функции, опфатени се сите дела врзани за тие што се осудени за 27 април 2017 година и веројатно има и дела со кои се опфатени и некои од актуелни носители на јавни функции за кои се води постапка, изјави Трајанов во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 телевизија.
Според Трајанов, со овој закон ќе бидат опфатени сите случаи што ги отвори Специјалното јавно обвинителство, осудените за настаните од 27 април, како и дел од функционерите од актуелната власт против кои се води кривична постапка.
Comments are closed for this post.