Националната арена „Филип Втори“ ќе биде прекрстена и ќе го носи името на легендата на поп музиката Тоше Проески, неофицијално дознава Плусинфо. Од АД за изградба и стопанисување со станбен и со деловен простор (АДСДП), велат дека поднеле иницијатива до Владата за преименување на стадионот. Оттаму додаваат дека за тоа како ќе биде преименувана Арената ќе се одлучува на Илинденска.
АДСДП до Владата на Република Северна Македонија поднесе иницијатива за потребата од донесување одлука за преименување на Националната Арена Филип II. Оваа иницијатива е во согласност со насоките на Владата да се изврши преглед и ревидирање на статусот на спомениците, јавните згради и инфраструктура и доколку истиот се однесува на античката хеленска историја и цивилизација како дел од историското наследство на Грција да се направат соодветни корективни мерки и активности. АД кое ефективно стопанисува со Националната Арена Филип II Mакедонски смета дека овој објект потпаѓа под генеричките поими на „јавните згради и инфраструктура“ и во таа насока сметаме дека постои основа за преиспитување на потребата за промена на името на ваквиот објект,се вели во текстот.
Comments are closed for this post.