Тепачка избила во обложувалница во Скопје, информира МВР. Вчера околу 23:00 часот во СВР Скопје било пријавено дека во спортска обложувалница во населба Илинден бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу 41-годишниот Н.С. од Илинден и 37-годишниот С.Д. од село Идризово. Направени се записници за констатиран прекршок по член 11 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир.