Поради посетата на Република Северна Македонија од страна на премиерот на Грција, Алексис Ципрас во придружба на грчка делегација, на 02.04.2019 година (вторник) во периодот од 9.30 до 20.00 часот Министерството за внатрешни работи ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на Град Скопје.

Министерството за внатрешни работи апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат насоките кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници, како и сообраќајната регулатива за променетиот режим на сообраќај.