Францускиот амбасадор Кристиан Тимоние во интервју за „Алсат“ запрашан да го искоментира неодамнешниот афера  случајот “Рекет” и наводите за евентуално вклучување на главниот обвинител во оставка Катица Јанева вели дека тоа за него било шок

„За нас тоа беше шок, од кој се стаписавме, како и македонската јавност…Тешко е да се предвидат сите можни исходи во овој момент. Сепак, сметаме дека тоа е тежок и многу важен случај, бидејќи во времето кога го направивме Пржинскиот Договор, и ние заедно со другите претставници, присуствувавме кога беше формирано Специјалното јавно обвинителство. Тоа беше важен елемент во обновувањето и враќањето на кредибилитетот на државата и судството.

Од обвинувањата што ги слушаме за ова прашање може да се заклучат две работи: или станува збор за клевета која мора да се повлече во интерес на засегнатото лице, како и во интерес на институцијата или тоа е нешто што треба да биде подлабоко истражено.

Јасно е дека за доброто на државата, заради правдата, мора да се направи темелна и вистинска истрага, за да нема простор за загриженост што би биле штетни за сите“, вели Тимоние.