Францускиот амбасадор Кристиан Тимоние во интервју за Алсат ја нагласува потребата за целосна истрага за случајот Рекет со цел да се врати довербата во правдата и во институциите. Тимоние, исто така, смета дека е добро решение спојувањето на Специјалното обвинителство со Обвинителството за организиран криминал. Тој вели дека датумот на преговори зависи од борбата против корупцијата и исполнувањето на реформите.

Имиџот за Балканот кој преовладува кај населението во Франција, е имиџ на еден регион каде има насилство и корупција…случаите за кои зборувавме, за жал не водат кон подобрување на таа слика која секако не е единствената кога зборуваме за овој регион, но треба да тргнеме од оваа гледна точка. Постои цел список на точки за борбата против корупција, двоење на партијата од државата, реформите во администрација и во сферата на медиумите. Сите овие точки за жал се во суштината на случајот за кој зборувавме. Во наредниот период можеби ќе се најде решение за сите нив во рамки на законот. Јас мислам дека две работи треба да се земаат предвид. Прво, во врска со рекетот, телевизијата и наводните врски со политичарите, треба да се види како ќе се решат овие прашања во првиот конкретен случај. Втората работа се однесува на тоа која ќе биде реакцијата на вмешаните политички партии за да најдат издржано решение кое ќе ја врати довербата кај луѓето тука, во Северна Македонија и нашата доверба, во владеењето на правото. Јас не можам да предвидам какви одговори ќе бидат дадени. Се уште има време да се реагира за да се врати довербата. Сигурно е дека чекаме да се случи нешто, вели Тимоние.