На седница на Владата денеска ќе биде предложено решение со кое ќе се овозможи замената на возачките и сообраќајните дозволи да биде бесплатна до крај на годината, најави претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски.

На новинарско прашање Ковачевски рече дека досега се сменети над 1,2 милиони патни исправи и над 550 илјади сообраќајни и возачки дозволи, објаснувајќи дека на досегашната бројка на изаддени документи влијаела двегодишната пандемија со мерки за дистанца која ги нарушила  каналите на снабдување и производствени процеси во фабриките за документациите.

Ова го отвара прашањето за нерамноправноста во која се ставаат граѓаните кои беа приморани да извадат нови лични документи иако им беа со валиден датум, особено откако беше објавено дека рокот е до денеска.

Доколку ова се случи граѓаните имаат право да ја тужат државата или да бараат да им се вратат парите парите што ги потрошиле.

Македонските граѓани досега потрошија пет милиони евра за вадење лични документи.