Обвинителот Трајче Пеливанов, кој беше дел и од СЈО, денеска од Советот на јавните обвинители е избран за виш скопски обвинител.Место во Вишото обвинителство доби и обвинителката Наташа Сарамандова. Со ова се потврдија пишувањата на „Република“ дека Пеливанов ќе биден награден за сите скандали и малверазции кои се поврзуваат со него.

Меѓу најголемите скандали со поранешниот обвинител на „славното СЈО е што си разменувал пораки со избеганиот заменик директор на УЈП Исмет Гури, пиењето кафесо тогашниот директор на Финансиската полиција Муаремер Арафат додека траел претресот во  оваа државна институција, како и исчезнувањето на докази од Обвинителството за организиран криминал додека Пеливанов привремено беше на местото на суспендираната Русковска.