Чест ми е што ја водев најдобрата институција во земјава. Се гордеам што имав одличен тим со кој не се плашев да влезам во ниту една битка. Благодарност до вработените во Министерството за финансии што беспоштедно работеа да ги спроведеме реформите, напиша Драган Тевдовски, веке екс министерот за финансии.

Најголемата награда за мене за овие две години, доаѓа деновиве кога насекаде граѓани ме застануваат и ми велат: „браво и главата горе”. Тоа е за мене најдобриот начин да се излезе од едно министерство. И затоа со главата горе и целосно посветен се враќам на Економскиот факултет, напиша тој

Статус на ФБ по повод неговото заминување напиша и неговиот екс советник Бранимир Јовановиќ.

“Се поздравивме денес. Прати маил до сите. Се заблагодари за соработката и кажа дека од 10 ч. ќе биде во бифе. Дојдов на работа само за да се поздравам со Дракче.”

“Сите плачевме денес. Кога влезе на 10ти во бифето, 5 минути без престан ракоплескавме. За никој не било вака во мои 20 години во министерство.”

“Денес Драган замина како што му доликуваше. Со огромен аплауз и со емоции кај повеќето од вработените. Мислам дека тој кабинет никад нема да се повтори. Човечноста пред сѐ.”Дел од пораките кои ми ги пратија денеска поранешните колешки и колеги од Финансии. А јас само ќе кажам дека ми беше чест што бев дел од тој тим. Идемо даље!, напиша Јовановиќ