Голем наплив на пациенти со ковид-19 има во болницата во Тетово во изминатото деноноќие информира Министерството за здравство, од каде што додаваат, дека се работи на интензивна реорганизација со цел соодветно згрижување на сите. Се размислува и за дополнителни мерки на локално ниво.

– Се дава соодветна поддршка во кадар и сместувачки капацитети. Од пред два дена пациенти се сместуваат и во болницата во с. Лешок, а доколку е потрбно пациенти ќе бидат сместувани и во други болници во близина или во Скопје – велат од Министерството за здравство.

Како што информираат од Здравство, во текот на утрешниот ден ќе се донесе одлука дали и колку дополнителен кадар кој во најкус рок ќе биде распореден.

-Министерството за здравство размислува и за воведување дополнителни локални мерки за што ќе биде разговарано утре – велат оттаму.

Министерството апелира граѓаните да ги почитуваат мерките за лича заштита со цел спречување на понатамошно влошување на состојбата.