Тестот допрва почнува, коментира Ивон Величковски по првото обраќање на претседателот на државата, Стево Пендаровски по повод аферата „Рекет“. Тестот е и за Пендаровски и за правната држава.

Величковски смета дека Пендаровски го прифатил ставот на Метју Палмер, заменикот на помошникот на државниот секретар во Стејт департментот, искажан на 2 авгудст годинава за аферата „Рекет“.

Се спротивстави на релативизирање. Се откажа од (опкружувањето што тера) провладина кампања за СДСМ и се дистанцира од Заев“, наведува Величковски.

Иницијаторот на движењето за Нова Република смета дека претседателот Пендаровски потврдил постоење за сомнеѓ на корупција во Владата и во правосудствотото до степен на загрозување на државата.

Тестот доправа започнува. Епилогот ќе (му) зависи од поставувањето кон декомпонирањето на службењачко-бизнис-финансиско-партиско-правосудно-медиумското подземје што не доведе до тука и знае дека е да се биде или не“, истакнува Величковски.