Тешко на државава кога амнестиран криминалец како Заев ќе организира фалсификуван попис. СДСМ повторно не ги послуша граѓаните и без нивна волја сака да спроведе насилен и фалсификат попис на населението, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Во продолжение следува интегрален текст од нивното соопштение:
Во овие моменти кога државата се уште се соочува со пандемијата предизвикана од Ковид-19 вирусот, СДСМ сака да организира и да спроведе фингиран попис, со кој сака Заев да ги исплати своите концесии и обврски.
Доказ дека на СДСМ не им се важни граѓаните беше и одржувањето на предвремените локални избори во Штип, на кои СДСМ водеше кампања и се натпреваруваше сама со себе, само за да седне во фотеља уште еден функционер плус на сметка на здравјето на граѓаните.
Пописот кој СДСМ ќе го спроведе ќе биде се, само не статистичка операција, бидејќи и самата намера на СДСМ и Заев не се статистичките податоци кои ќе се добијат од пописот, туку исполнувањето на желбите на ДУИ и нивната готова проекција за бројноста. Тоа не може да биде реален попис и директно ќе го наруши градењето на општеството во иднина, бидејќи резултатите ќе бидат фингирани и тотално промашени.
Згора на тоа, не можеме да очекуваме реален попис од човек кој неколку изборни циклуси наназад купува гласови, прави притисоци врз администрацијата и распродава се што ќе стигне само за да оствари свој личен капитал врз грбот на граѓаните.
Затоа, ВМРО-ДПМНЕ нема да прифати ваков попис и ќе се заложи со сите свои сили истиот да се стопира и поништи.
Comments are closed for this post.