Моноклонална „коктел терапија“ со антитела, која лани ја прими поранешниот претседател на САД Доналд Трамп, ја има и кај нас и досега неа ја примиле 20 заболени од Ковид-19 со коморбидитети и хронични болести.

– Моноклонална „коктел терапија“ со антитела се дава кај пациенти кои имаат повеќе коморбидитети и хронични болести, во претходна консултација со специјалистите и супспецијалистите кои ги третирале пациентите од почеток на појавата на инфекцијата со Ковид-19. Вкупно се набавени 1200 дози од лекот, а досега се искористени околу 20-тина дози, истакнуваат од Министерството за здравство.

Станува збор за најсовремен метод на терапија за пациенти заболени од Ковид-19. Терапијата е коктел од две моноклонални антитела и се дизајнирани специјално за да ја блокираат инфективноста од САРС-КоВ-2 вирусот што го предизвикува заболувањето со Ковид-19.