Телото за помирување најверојатно наредната недела ќе му предложи на Собранието, закон за амнестија на учесниците во собраниските настани од 27 април. Осумтемина исклучени пратеници кои формираа независна пратеничка група, како што дознаваме интензивно работат законското решние.
Од независната пратеничка група велат дека засега не е познато дали ќе се вика закон за амнетија, за помирување или некако поинаку, но велат целта на законот е да се изнајде правен начин и да се обезбеди правда за сите кои не извршиле насилство, а учествувале во мирни протести. Кон крајот на оваа недела треба да се состанат членовите на работното тело за помирување и да ги договорат сите дели.
Од независната пратеничка група велат дека финалниот предлог закон ќе биде усогласен заеднички со мнозинството.
Дека ќе се оди на помирување преку помилување, но само за оние кои биле ненасилни најави првично премиерот Зоран Заев пред неколку дена во интервју за „ 360 степени“ на Алсат М.
Сите што не учествувале во насилството и не биле дел од организаторите внатре, јас немам проблем преку нив да го направиме помирувањето и помилувањето. Тоа може да биде закон за амнестија, донесување на одлука на Парламентот во рамки на своите надлежности. Знам дека не сум подготвен да разговарам ништо за учесниците во насилството, затоа што не сакам да оставам можност да се повтори нешто – рече Заев.
Во меѓувреме предлог-законот за амнестија за 27 април, предложен од парламентарната група на ВМРО-ДПМНЕ, е ставен на дневен ред на пленарна седница на 26 ноември во Собранието. Со овој предлог, 29 поднесувачи од ВМРО-ДПМНЕ бараат да бидат амнестирани сите осудени, обвинети и осомничени за настаните во Собранието на 27 април минатата година.
Comments are closed for this post.