Ноќеска околу 23 часот во СВР Скопје било пријавено дека во казино на улица „Иван Козаров“ во Скопје дошло до расправија помеѓу А.Ш. (29) од Штип и С.Ц. (23) од Скопје, по што А.Ш. извадил нож и му се заканувал на С.Ц.

Веднаш се преземени соодветни мерки од страна на полициски службеници и А.Ш. е приведен. По целосно документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.