Две телевизии на албански јазик кои емитираат програма во Република Македонија, најмногу се офајдиле од рекламирањето за референдумот, покажува прегледот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги објавен денес.

ТВ Клан, најмоќна приватна телевизиска куќа во Албанија, како и Алсат М имаат емитувано најмногу часови јавна пропагнда за референдумот. ТВ Клан е на врвот со 10.37.01 часови, додека на пример ТВ Сонце има нула минутажа. Станува збор за кампањата спроведена од Собранието на РМ „ЗА“.

Податоците од прегледот за одвоената минутажа, како што информираат од АВМУ, се добиени врз основа на анализа на целокупната програма што радиодифузерите на државно ниво ја емитуваа во период од 10 до 27 септември.