Папата Франциско во мај наредната година ќе ја посети Македонија, објави аргентинската државна новинска агенција „Телам“ повикувајќи се на извори во Ватикан.
Посетата на Македонија ќе биде дел од регионалната турнеја на папата која ќе ги вклучи и Романија и Бугарија.
Ова ќе биде прва посета на поглавар на Римокатоличката црква на Македонија, Романија и Бугарија, земји во кои, како што наведува „Телам“, мнозинството граѓани се православни христијани.
Comments are closed for this post.