Лидерот ДПА, Мендух Тачи реагираше на тврдењата на Али Ахмети за наводен документ што предвидувал поделба на Македонија. Тачи истакна дека таков документ никогаш не постоел и дека идејата за поделба била пласирана од, како што рече, псевдоакадемици инструирани од УДБА на Србија.

-За поделбата на Македонија не постоел документ. Тоа беше идеја на неколку псевдоакадемици, инструирани од УДБА на Србија. Тоа не беше идеја на Академијата на науките, а ниту Арбен Џафери имал документ, затоа што таков не постои. На Али Ахмети тогаш УДБА му кажа: ова е патот по кој можеш да го урнеш политичкото организирање на Албанците. И тој зборува неврзано, дека наводно постоел документ – изјави Тачи.