Поднесувањето на обвинение против Артан Груби може да го забрза неговото излегување на слобода. Звучи чудно но вистинито. Во македонското правосудство со два посто доверба се е можно. Поранешниот вицремиер на 24 август седнува на обвинителна клупа за случајот со Државна лотарија вреди осум милиони евра.

Груби, другар му Прпарим Бајрами и останатите обвинети биле свесни дека Акционерското друштво за приредување игри на среќа Државна лотарија немало право да приредува електронски игри на среќа на видеолотариски терминали на територијата на државава, бидејќи во 2013 година го вложило тоа право како непаричен влог со вредност од 6.244.898 евра при основањето на Друштво за приредување игри на среќа Државна видеолотарија на Република Македонија-КАСИНОС АУСТРИА ДОО Скопје, за што се стекнало со удел во висина од 51% од основната главнина на друштвото.

Сите осомничени се гонат како соизвршителиа кривичното дело „Злоупотреба на службената положба и овластување“ по член 353 став 5, во врска со став 4 и став 1 од Кривичниот законик.

Максималната казна затвор предвидена за делото за кое е обвинет поранешниот прв вицепремиер Артан Груби изнесува 10 години затвор.

Тој останува во притвор до 13 октовмри, односно 60 од поднесувањето на обвинението. Потоа тој може да излезе и да се брани од слобода додека трае судњето, односно доколку не признае вина.