А бе шупаци од СДСМ, петочлено семејство една плата од 14500. Струја вода парно, тв, мобилни тоа се 10 илјади денари. За храна одат барем 20.000 месечно. Пристојно да се храниш. Кога е нормална платата ништо не останува. А сега, со 14500?. Ова е коментарот на актерот Сашо Тасевски по најавата на Зоран Заев за кратење на платите во јавниот сектор.
Тоа копуци едни значи задолжување за да излезеш на крај во месецот. Ќе ни ги покриете после долговите? А?-запраша актерот.
Или што не им кажете на банките да ги преполоват кредитите или на компаниите да ги преполоват сметките за струја вода парно? Тоа не може така?
Што правиме кога ќе ни се нагрмадат неплатени сметки? Опомени за исклучување.? Што правиме? А прво сметки сум плаќал у животов, па после што остане. Вашите деца ќе јадат пак бифтеци, моите два месеци на леќа да бидат? Види богати. Солидарност????
Немојте со тие популистички евтини штосови. Вие за солидарност ќе зборувате? Милиони што имате по банките. Од патни трошоци што земате наша тригодишна плата. Ќе бидете после вие солидарни ко ќе си лупам глава од каде да платам сметки? Малку утре.
Да бевте добра власт, Швајцарија ќе направевте од земјава, а не уште ни земате пола од платите, а најодозгора ви плаќаме редовно даноци. Мамето ненормално ваше.”
Comments are closed for this post.