Поранешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски и екс генералниот секретар во неговата влада, Кирил Божиновски денеска во Кривичниот суд беа прогласени виновни за случајот „Талир2“ .
Шест години затвор за првообвинетиот Никола Груевски за злоупотреба на службената положба и две години условна казна за второбвинетиот Кирил Божиновски, одлучи судот во случајот „Талир 2“.
Судечкиот совет на Основниот кривичен суд во Скопје, со кој заседава судијката Даниела Алексовска – Сотојановска, одлучи да се конфискува недвижен имот на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ, седиштето на партијата и дваесетина објекти низ државата во сопственост на партијата. За таа цел, судот ја укина мерката за замрзнување на седиштето на партијата.
Обвинетите се товарат за злоупотреба на службената положба, при што овозможиле правното лице ДГ „Бетон” АД Скопје, да го изгради седиштето на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ, во времето кога фирмата имала склучено договори за јавни набавки со државни органи и јавни установи или претпријатија, спротивно на Законот за политички партии, Законот за финансирање на политички партии и Законот за облигациони односи.
Предметот го води судијката Даниела Алексовска Стојановска, а застапник на обвинението е јавниот обвинител Љубомир Лапе.
По вчерашното изнесување на завршните зборови на одбраната пресудата за случајот „Талир 2“ беше закажана молскавично брзо, за денеска во 12.30 часот. Ова не би било ништо чудно ако не се знае дека завршните зборови кои треба да бидат одлучувачки за судијата не беа изнесени пред неполни 20 часа.
Но,очигледно е дека судијата Даниела Алексовска Стојановска однапред ја има донесено пресудата и дека вчерашните завршни зборови на обвинетите и нивните бранители за Алексовска-Стојановска се само формалност.
Веќе е јасно дека целта со денешната пресуда е да се уништи ВМРО-ДПМНЕ, особено сега, кога е очигледно дека набрзо ќе има избори. А за власта, ваква каква што е, најдобро е ВМРО-ДПМНЕ воопшто да не постои.
Comments are closed for this post.