Градоначалникот на Карпош и претедател на ГРОМ, Стевчо Јакимовски, на прес-конференција соопшти дека негвата партија ја напушта коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ во општина Карпош. ГРОМ ќе делува опозициски, и нема да направи коалиција со СДСМ, рече Јакимовски.

-Сите советници кои сакаат да соработуваме за решавање на проблемите на граѓаните, ќе бидеме поддржани. Јас сум градоначалник за сите и имам обврска да ги штитам сите. Ќе продолжиме опозиционо да делуваме и во интерес на граѓаните, рече Јакимовски.

Тој им се извини на членовите на ВМРО-ДПМНЕ кои го поддржале на изборите.

-Сѐ што имам обврска кон нив ќе биде испочитувано, нема на никого да му фали влакно од главата. Моите обврски и натаму кон членовите на ВМРО-ДПМНЕ ќе ги исполнувам. И по полноќ можат да ме контактираат.