Група активисти од Тетово поставија табли низ градот со цел да укажат на лошата еколошка и инфраструктурна состојба во градот и со желба да повикаат на колективна одговорност за состојбата. „Добродојдовте во Тетово, градот во кој на никому не му е гајле за ништо“ е главната порака што беше пренесена преку поставените табли низ целиот град.
Ѓубре расфрлано на сите страни, дупки по патишта, сообраќаен хаос каде што секој се паркира каде што сака и недостиг на јавниот превоз- се дел од бројните проблеми со кои секојдневно се среќаваат тетовчани. Кој е одговорен за овој хаос, граѓаните или локалната самоуправа? Но на крајот, не е е доволно само да поставуваме прашања, туку и да дејствуваме во насока на решавање на проблемите, велат од неформалната група Арт Активизам Тетово во писмото упатено до јавноста.
На останатите табли се поставените пораките: „Не ми е гајле каде се паркирам“; „Не ми е гајле каде фрлам ѓубре“; „Не ми е гајле што нема јавен превоз”; „Не ми е гајле што има дупки
Comments are closed for this post.