Иако беше најавено дека денеска во 14 часот ќе се одржи јавна седница во Апелациониот суд по жалбата за притворот на Орце Камчев, кој е еден од осомничените во случајот „Империја“ на Специјалното јавно обвинителство, судиите се премислија и решија седницата да биде затворена за јавноста.

Одлуката се очекува да биде соопштена доцна попладнево.

СЈО предлага притворот да му се замени со поблага мерка, а тоа е куќен притвор. Тој претходно како гаранција понуди имот во вредност од 14 милиони евра.