Сопственикот на фирмата „Дрим билдинг“, струшкиот бизнисмен Ардијан Амзоски, утрово дава исказ за случајот „Рекет“ во Обвинителството за организиран криминал и корупција.

Бизнисменот Амзоски беше на листата обвинети во случајот „ТНТ“, но беше изземен. Како што е познато, тој на Меѓународниот сојуз на Боки 13 му исплатил 261.853 евра. Неодамна, пак, преку соопштение од неговата компанија појаснија дека тие на 28.12.2017 година склучиле договор за стратешко партнерство и деловна соработка со невладината на Боки.

„Дрим билдинг“ ги исполни во целост своите обврски од договорот, а за жал Меѓународниот сојуз и Јасна  Мандиќ не го испочитуваа. Бидејќи Меѓународен сојуз и Јасна Мандиќ одбија да ги вратат парите, што им беа платени, „Дрим Билдинг“ поднесе тужба пред Основниот суд Скопје, стоеше меѓу другото во соопштението.