Пожар утринава изби во куќа на улицата „Будимпештанска бр.31“ во скопската населба Тафталиџе.

Од Противпожарната бригада на Град Скопје, изјавија дека интервенираат со пет возила и 10 пожарникари. Пожарот кај нив е пријавен во осум часот.

Пожарот е комплетно изгаснат и за среќа нема повредени.