Генералниот секретар на НАТО  и порача на Македонија дека договорот со Грција е можност која се случува еднаш во животот. Тој од Србија ни порача дека Македонија може да стане членка на НАТО само ако го прифати договорот за името на државата.

-Можеме брзо да пристапиме на потпишувањето на протоколот за пристапување набрзо по промената на името. На демократски избраните институции е дали ќе прифатат или не.Ние сме спремни да ја прифатиме земјата како нова членка.

Столтенберг вели дека нема да ја присилат земјата какви одлуки да донесе бидејќи се работи за суверена одлука на суверена држава.