„Министерот за здравство, Венко Филипче заедно со директорот на Фондот за здравство, Ден Дончев во нов милионски скандал. Повторно се полнат џебовите на поединци со народни пари.
Филипче и Дончев наместо да обезбедат за граѓаните навремена и соодветна здравствена услуга, тие ги ограбуваат“, рече на денешната прес-конференција Дафина Стојановска од ВМРО-ДПМНЕ.

„Министерот и директорот на Фондот на почеток на годинава ја префрлија детската кардиохирургија во приватна клиника, а сега ги зголемуваат цените за кардиохируршки операции. Станува збор за цени повисоки од околу 20 проценти, а надлежните, замислете, се вадат со тоа демек се зголемиле цените на потрошниот материјал за кардиохируршки интервенции!“, рече Стојановска.

Со ова покачување на цените, како што вели Стојановска ваквите интервенции во Македонија станаа поскапи дури и од оние во болниците во регионот како Бугарија, Србија, Турција и слично.

Ова е само уште еден дополнителен скандал во здравството. Филипче и Дончев го распродаваат здравството. Тие треба да бидат изметени со метлата на Заев, и тоа веднаш, порача Стојановска.