Директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Зоран Китанов во разговор за Пресинг Tв вели дека  информациите за тоа дека ќе биде новиот министер за транспорт и врски се дезинформација.

Тоа се дезинформации  кои се  работат од едно место, од една кујна и се појавуваат на порталите. Јас посветено си ја работам мојата работа, а одлуката кој ќе биде на некоја функција или нема да биде ја носи исклучиво премиерот и  е негово апсолутно право. Кој може да биде министер, акој не може да биде министер единствено право да одлучува има премиерот, изјави Зоран Китанов , за Пресинг Тв.

Китанов додаде дека последниот збор го има премиерот Зоран Заев.

Запрашан за евентуалните промени во Владата и министерот за транспорт и врски  Горан Сугарески, истакна дека има потполна доверба во одлуките на премиерот.

Мислам дека во неколку наврати дадов изјава кои се моите очекувања и имам потполна доверба како и министерот Спасовски, како што кажа, во одлуките на премиерот. Ние разговараме отворено за сите прашања, работи кои се повзрани со нашата надлежност, бидејќи станува збор за државни интереси, така што секоја одлука на премиерот ќе ја почитуваме“, рече Сугарески.