Криминогената власт на СДСМ спроведува најцрна партизација на јавната администрација под кодно име „Мрежа“. Во таа „Мрежа“ се имиња на партиски војници и послушници, кои работеа на црните сценарија на политиките на СДСМ, таа е истата онаа мрежа преку која беа испраќани пораките за излезност на референдумот, таа е истата онаа мрежа на СДСМ според која во оваа држава нема место за професионалци, за успешни, за напредни студенти, за нови идеи и вистински нов дух во јавната администрација, обвини денеска портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.
Според Мрежата на СДСМ како што тврди Стоилковски вработување е можно само за партиската војска на СДСМ, и тоа само ако се запишани во црните тефтерчињата на партиските општински организации.
Со оваа мрежа се спроведува мрачниот план на Заев за партизација од хигиеничар до министер, или како Курто Дудуш убаво тоа го објасни дека Членската книшка на СДСМ ќе биде се’, дури и замена за лични документи. Според информациите, само општинската организација на СДСМ во Кисела Вода, спровела вработување на 8 лица во Општината, 6 членови на управни одбори во училишта во таа општина, потоа хигиеничарки, воспитувачки во градинки, како и едно вработување во Македонски шуми, откриваат медиумите, кои велат дека поседуваат документација за акцијата Мрежа, рече Стоилковски.
Тој потсети дека од ВМРО-ДПМНЕ повикавме на одговори за над 30 партиски вработувања во ЈП Македонски шуми низ повеќе општински дирекции во кусо време, а каде непотизмот и партиската припадност се непобитен факт.
Претходно посочувавме на вработувања во општините каде главни нововработени се роднини на општински и на партиски главешини.Да потсетиме, Уште нема одговор од М-НАВ за нововработените 24 лица од кои речиси ниеден нема образование потребно за вработување во Агенцијата, но има партиска или роднинска позадина, па членовите на комисиите биле ставани под тежок притисок да ги примат токму нив. Нема одговори за вработувањето на мајката на Костадин Костадинов од СДСМ во администрацијата во Струмица, или сестрата и пријателката на Кирацовски во администрацијата во Битола, истакна портпаролот на опозициската партија.
Comments are closed for this post.