Во Република Македонија е згазено правото, Уставот, Законите, згазена е Демократијата. Во петокот се случуваше брутален упад во севкупниот демократски и уставен систем, рече на денешната прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

Во петокот Собранието беше под полициска опсада, а специјалците под команда на Оливер Спасовски помагаа да се заокружи целосната слика на еден ненароден режим. Никој не знае ниту зошто биле таму поставени, ниту дали имало какви било закани за нарушување на безбедносната состојба, ниту од кого биле тие закани, рече партискиот портпарол..

Стоилковски потенцираше дека јавниот обвинител молчи и како што рече останува горчливиот впечаток дека полицијата и институциите биле злоупотребени заради заплашување.

Рече дека оваа власт е уплашена.

Знае дека може да купи, да скрши пратеници но не може да го купи народот. Без легитимација од граѓаните, од народот, договорот нема да заживее.