Александар Василевски-Нинџа, Никола Митревски-Кољо, Горанче Ангеловски-Ќосето, Стефан Младеновски, Михаил Младеновски, Захарие Симовски, Младен Додевски, Јане Ченто, Игор Југ, Илија Славески, Влатко Трајков, Вилијам Михајловски и Митре Питроповски, обвинети во предметот за „27 април“ од настаните во Собранието , се лицата кои истиот ден биле во кафе барот „Дион“ во ГТЦ и потоа организирано се упатиле кон Парламентот, каде со фантомки на главите со толпата, влегле во законодавниот дом.

Ова денеска на рочиштетот во Кривичен го истакна обвинителката Ивана Трајчева појаснувајќи ги видео снимките кои се презентираа како докази од камерите на Стопанска банка, Собранието, телевизски сними,

На снимката се гледа дека во 17:23 часот повеќе лица излегуваат од „Дион“, за кои обвинителката Трајчева рече дека еден од нив со бело елече е обвинетиот Никола Митревски-Кољо кој според неа и денеска во судницата и го носи истото елече. Појасни дека во 17:45 часот се гледаат две лица од кои едниот со црна маица е Горанче Ангеловски Ќосето, а другиот со тетоважа на раката е Илија Славески, како влегуваат на терасата во „Дион“ каде ги пречекува и се прегрнуваат со Александар Василевски-Нинџа. Од снимките се гледа како Стефан Младеновски доаѓа со мотор до „Дион“ и носи кеса. Во 18:40 во „Дион“ влегуваат шест лица, еден од нив е Игор Југ, подоцна се гледа обвинетиот Влатко Трајковски, а во 19:13 минути се гледа како седум лица се движат кон кафе-барот, од кои петмина имаат натписи на маиците. Со групата е и обвинетиот Јане Ченто. Подоцна, на неколку снимки од Стопанска банка, целата група од „Дион“ се движи кон Собранието на РМ.

Од ЦД-то од пред Парламентот, обвинителката ги препозна повеќето од обвинетите за кои претходно го објаснуваше нивното дејствување. Тие, рече Трајчева, се со фантомки на главите и дел од нив повикуваат да се приближи толпата кон главната врата на Собранието. Обвинителката рече дека од снимките видливо е дека полицајците пред вратите се повлекле, а демонстрантите влегле во Собранието. Во пленарната сала, таа посочи поголем дел од обвинетите како се движат без фантомките.

Во судница денеска ечеше химната на Македонија отпеана од Крсто Муковски на црниот 27 април.

Во судница денеска ечеше и  химната на Република Македонија отпеана од Крсто Муковски на црниот 27 април.

На судењето за црниот четврток кое продолжи утринава, обвинителката Ивана Трајчева побара да биде изведен доказот видеоснимка, каде што пратеникот Крсто Мукоски на говорницата ја пееше македонската химна на 27 април и викаше „Македонија, Македонија“.

Во судницата се гледаа и говорите пред Собранието на обвинетите Богдан Илиевски и Борис Дамовски.

Илиевски од она што обвинителката Ивана Трајчева го констатираше, вели дека на оние кои се обидуваат да направат државен удар, народот тоа нема да им го дозволи.

Тука сме со чиста мисла и нема да дозволиме да го сменат името. Не си одиме од тука додека тие не заминат“, вели во својот говор пред Собранието обвинетиот Илиевски.

Обвинителката Трајчева констатираше дека со свој говор пред Собранието настапува и обвинетиот Дамовски. Тој пред присутните порачува дека ќе треба да го одбранат Собранието од оние кои ѝ мислат лошо на Македонија.

Што и да гласаат од некој ходник, не е легитимно. Не си одиме. Сите кои седат дома, да дојдат тука, ова ќе биде долга ноќ, вели обвинетиот Дамовски во својот говор.

За случајот „27 април“ на Основното јавно обвинителство обвинети се вкупно 33 лица, од кои 31 за терористичко загрозување на уставниот поредок на државата и двајца за поттикнување.

На обвинителната клупа се Љубен Арнаудов, Сашо Василевски, Крсто Мукоски, Љупчо Димовски, Јохан Тарчуловски, Митко Чавков, Митко Пешовски, Душко Лазаров, Горан Јошевски-Леви, Оливер Поповски, Оливер Радулов, Сашко Марковски, Мунир Пепиќ, Абдуљфета Алими, Елена Доцевска-Божиновска, Иван Цветановски, Борис Дамовски, Богдан Илиевски-Бетмен, Владо Јовановски, Игор Дурловски, Стефан Младеновски, Михаил Младеновски, Захарие Симовски, Младен Додевски, Јане Ченто, Горанче Ангеловски, Игор Југ, Илија Славески, Влатко Трајков, Вилијам Михајловски, Никола Митревски-Кољо, Александар Василевски-Нинџа и Митре Питроповски.

 

По скандирањето на Мукоски, добива аплауз.

„Треба ли по ова да правиме инциденти?“, праша Мукоски на 27 април од говорницата во Собранието. „Избори, избори“, викаше Мукоски.

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ потоа почнуваат со песната „Едно име имаме, во душата го носиме“.

Пратениците од СДСМ потоа извикуваат „Шутка не ти бега Никола“.