Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски побара Апелациониот суд да не дозволи притворот да биде замена не само за казна –  туку и за затскривање на властодршците.

Издигнете се над состојбата во која сте на сила втурнати, земете ги предвид аргументите на одбраната при носењето на одлуката и исправете се над театарската претстава наречена притвор за Миле Јанакиески и Кирил Божиновски за покривање на неспособноста на оваа власт, рече на денешната прес-конференција Стоилковски.