Стигнаа првите дози на вакцини преку Ковакс-механизмот и тоа претставува бројка од 24.000 дози. Сега ние сме целосно посветени на системот на имунизација да се спроведе брзо и ефикасно. Имаме најави и за други вакцини во овој месец. Први ќе се вакцинираат лицата над 75 години и хронично болните“, изјави министерот за здравство, Венко Филипче по пристигнувањето на првите вакцини планирани преку Ковакс-системот, што претставува прва ваква пратка во земјава.

Тој дополни дека ова доаѓа со недели задонување, но имајќи во предвид дека сите земји се соочени со овој предизвик, добро е што системот покажа дека функционира, и добро е што имаме сигнали дека ќе продолжи да функиоцнира на овој начин и ќе имаме информација кога ќе пристигнат вакцините и да продолжи овој континуитет.