Националниот координатор за НАТО, Стево Пендаровски, според резултатите од партиската анкета, и вицепремиерот и министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски, според поддршката на партиското раководство, се двете имиња на кои најверојатно ќе се сведе кандидатот на власта за претстојните претседателски избори, дознава ТВ21.
Кандидатот од претходните избори од пред пет години се чини дека повторно е најприфатлив кандидат за шеф на државата за гласачите. Ова го покажува анкетата на СДСМ направена во јавноста, а за ТВ21 го потврдуваат партиски извори. Но, иако во јавноста најголема поддршка има Пендаровски, внатре во партијата состојбата е поинаква. Како што тврдат извори за телевизијата, во СДСМ најголема поддршка од раководството има Оливер Спасовски, актуелен министер за внатрешни работи. На крајот финалето на изборот се сведува на еден од овие двајца.
Вакви и слични информации се во сферата на шпекулациите. Во СДСМ започна постапката. Кандидатот што ќе биде победник на изборите ќе се бира на Конгрес на 3-ти март, велат декларативно од СДСМ.
Comments are closed for this post.