Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ му даде поддршка на уапсеното момче на денешните протести. Стефан беше уапсен на раскрсницата кај Мавровка само затоа што го снимал настанот со својот мобилен телефон.

Остани храбар каков што си Стефан, продолжуваме заедно за нашата Македонија-напиша Мицкоски.

Претходно и Дарко Костовски искоментира за немилиот настан. Пратеникот бил во непосредна близина и видел зошто Стефан е уапсен.

Заев и Спасовски, погледнете добро што прави полицијата под ваша команда. Овој случај не е лажна вест, како што е вашата лажна грижа за народот. Не очекувам разрешница, ниту очекувам осуда, но очекувам дека силно ќе треснете на изборите, а потоа секој според заслуженото, според делото и законот. Со ова не сте силни, ова е доказ за вашиот страв и за вашата слабост-објасни Костовски.

Пратеникот Бране Петрушевски исто така на Фејсбук излезе со коментар „Диктатурата на дело.

Еве како по наредба на Заев и Спасовски се апсат невини лица затоа што снимаат пратеник кој поставува прашање на службеник.А прашањето беше: дали ги запишувате регистрациите на возилата за полициски или партиски цели.

Видеото на овој линк

https://www.facebook.com/watch/?v=327887468821955