Стечајците од Охис имаа нова средба во Владата, но и натаму немаат добиено решение на нивниот проблем. Нивните очекувања главно се однесуваат за исплата на побарувања од стечајната постапка за 24 неисплатени плати и за затворање на придонесите од плата за периодот од јуни 2012 година до октомври 2013 година.

Поради немањето поместување кон решавање на нивниот проблем, тие повторно излегоа на протест и го блокираа булеварот пред Владата, а за од почетокот на идната недела најавуваат дека тоа ќе биде нивна секојдневна активност, затоа, како што велат, друг избор немаат.