Фингираната јавна дебата која претходеше на која нема различни мислења, а на која има скапо платени хонорари за одредени интелектуалци кој се јавуваат во улога на експерти, нема да ни го смени мислењето за овој договор.

Впрочем вистинскиот тест за тоа што мислат граѓаните беше референдумот, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во интервју за Коха.

 Ќе потсетам дека овој договор не доби согласност од граѓаните. И кога не доби согласност,  власта наместо да се откаже од неговото донесување, тргна да ја гази неговата волја, па на најгруб можен начин, преку отворени притисоци, закани, мотнирани случаи потклекнаа пратеници кои го сменија мислењето, не затоа што договорот е добар, туку затоа што власта им ветуваше работи, и на тој начин постигнаа мнозинство. И сето ова се одвиваше на отворена сцена, без скрупули, така потценувачки, јавно, како на пазар, се дозволи трговија со судбини, со името на државата, со честа на луѓето. Но што и да прават, срамот останува, а тој ќе ги следи за навек, оние од власта кои ја газат волјата на народот. Сето ова сакаат да го дефокусираат со милион други теми во кој  по можност главен актер би била ВМРО-ДПМНЕ, но тоа е само попусто одвлекување на вниманието. Јас би бил најсреќен да имавме добар договор, кој ќе ги заштитеше идентитетот, јазикот, културните особености. Да немаше промена на Уставот. Но Преспанскиот договор не е тоа. И ние не го поддржуваме не затоа што сакаме да тераме инает, или пак да ја блокираме државата, туку затоа што договорот е штетен. Ова мора да го свати секој еден граѓанин, вклучително и Албанците.