Срѓан Керим е лоциран во Хрватска, а Јана Станисављева според последните информации е во Македонија, вели обвинителката на СЈО, Лиле Стефанова.Таа вечерва на 1ТВ, најави дека наскоро ќе бидат поднесени нови кривични пријави за затворањето на МПМ и за лажниот стечај, како што рече, на фирмата „Графички центар“.

Керим се наоѓа во Хрватска. Тој даде исказ во СЈО, а ја напушти Македонија веднаш потоа. Тој во овој момент не е потребен на истрагата. Јана Станисављева според последнитe информации е во Македонија, и таа веќе даде искажаз, рече Стефанова.