Премиерот Зоран Заев во Виена оствари средба со австрискиот канцелар, Себастијан Курц. Како што информираат од владината прес-служба, премиерот рекол дека секоја посета на Австрија е задоволство и му се заблагодарил на Курц, но и на австриската влада за нивните заложби за просперитетот на нашата држава, но и за целиот регион на Западен Балкан.
Сега откако почна да се имплементира договорот од Преспа, се насочуваме целосно кон работа на реформите дома. Постигнатиот договор имаше позитивен импакт врз целиот регион. Со договорот успеавме да покажеме дека со партнерство и дијалог може да се постигне многу“, истакнал Заев на средбата со австрискиот канцелар.
На средбата, како што се наведува во соопштението, Заев истакнал дека членството на земјата во Европската Унија е единствениот избор.
По историскиот договор меѓу нашата земја и Грција, време е да им се посветиме на економските прашања во земјата, нагласил Заев и додал дека оваа година сите напори ги насочуваме кон забрзан раст на економијата“, рекол Заев.
Австрија, истакнал кацеларот Курц, и натаму ќе и ја дава потребната поддршка на Северна Македонија, а средбата со Заев уште еднаш го покажува и го докажува пријателството меѓу двете земји.
Comments are closed for this post.