Шефот на државата Стево Пендаровски на денешната средба со лидерот на Демократска унија за интеграција Али Ахмети укажал на потребата во периодот што претстои сите политички чинители да имаат одговорен пристап и да ги насочат своите капацитети кон исполнување на реформската агенда, а со цел отпочнување на пристапните преговори за членство со Европската Унија.
Двајцата соговорници, како што соопшти кабинетот на Пендаровски, размениле мислења за актуелните случувања во Македонија.
На средбата претседателот Пендаровски порачал дека Македонија е исправена пред историска шанса да се потврди како партнер и рамноправен дел од најзначајните сојузи во светот – Европската унија и НАТО.
Тоа, според Пендаровски, е единствениот пат кој води кон стабилност и просперитет на државата и на регионот. Оттаму, како што посочил тој, потребно е сите политички фактори во Македонија да се насочат кон помирување и обединување околу стратешките цели на земјата.
На средбата Ахмети упатил честитки до Пендаровски по повод стапувањето на функцијата и му посакал успех во работата.
Comments are closed for this post.