Во Македонија постои и политичка стабилност, зашто опозицијата е подготвена на дијалог во собранието, констатираше денеска на економскиот форум „Виенски економски разговори“ еврокомесарот за добрососедска политика, Јоханес Хан.

Во споредба со другите, ситуацијата во Северна Македонија е подобра, зашто таму опозицијата се однесува како вистинска опозиција, конструктивна е и учествува во парламентот, во политичкиот живот, на начин како што се очекува во една зрела демократија. Последните претседателски избори се доказ дека е можно заеднички да се напредува“, објаснил Хан, пренесува Танјуг.

Еврокомесарот Хан, очекува Македонија да добие датум за почеток на преговорите со Европската Унија, а до крајот на годинава да бидат отворени и првите поглавја.

Хан во обраќањето на дебатата „Нови перспективи за Република Северна Македонија” во организација на Виенскиот економски форум, кажа дека земјава е единствената во Западен Балкан која нема спорови со соседите и е политички најстабилна во регионот.

Нагласи дека Македонија е позитивен пример како можат да се решаваат проблемите и охрабрување за надминување и на другите спорови особено меѓу Белград и Приштина.